Лукашенко: Нема да има повторно избори

Лукашенко
Лукашенко

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави денеска дека нема да има нови претседателски избори во таа држава.

– Вие нема да доживеете да го видите денот кога ќе направам нешто под притисок. Нема да има повторно избори, бидејќи во тој случај, нема да има фабрики, нема плантажи. Се ќе биде уништено за половина година – рече Лукашенко.

Се огласи ривалката на Лукашенко: Подготвена сум да преземам одговорност и да се однесувам како национален лидер

Тој денеска ја посети фабрика и во таа прилика рече дека има информации дека сите фабрики во државата работат нормално.

Неколку стотици демонстранти се собраа пред портите на фабриката за време на неговата посета, држејќи транспаренти со кои бараа негова оставка.

Додека на улиците во Минск протестираат 200.000 демонстранти, на државна телевизија има руски концерт (ВИДЕО)

Кликнете тука за последните вести од Белорусија и протестите во Минск.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот