Се огласи ривалката на Лукашенко: Подготвена сум да преземам одговорност и да се однесувам како национален лидер

Светлана Тикановскаја / Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Противкандидатката на Александар Лукашенко на претседателските избори, Светлана Тихановскаја, денеска изјави дека е подготвена да стане национален лидер.

– Јас сум подготвена да ја преземам одговорноста и да дејствувам како национален лидер со цел да ја смирам ситуацијата во земјата и да ја вратам во нормален ритам – нагласи таа во видео пораката објавена на нејзиниот јутјуб-канал.

Додека на улиците во Минск протестираат 200.000 демонстранти, на државна телевизија има руски концерт (ВИДЕО)

Во исто време, Тихановскаја побара ослободување на сите политички затвореници, како и подготовка на правна рамка и услови за нови претседателски избори, што ќе бидат признати од меѓународната заедница.

Потресни сведочења од притворените на протестите во Минск: Не соблекуваа голи, не тепаа и не мачеа, жените врескаа (ВИДЕО+ФОТО)

Протестите во Белорусија траат од минатата недела, кога по одржувањето на претседателските избори, Александар Лукашенко прогласи победа тврдејќи дека осовил 80 проценти од гласовите, а неговата противкандидатка, Светлана Тихановскаја освоила само околу 10 проценти од гласовите.

Според снимките кои протекоа на социјалните медиуми и неколку медиуми во Белорусија, вистинскиот исход од изборите е всушност спротивен, односно Тихановскаја освоила над 70 проценти од гласовите.

КИДНАПИРАЊА на улица, криење гласови и многу насилство: Надреални снимки од улиците во Белорусија откако Лукашенко прогласи победа (ФОТО/ВИДЕО)

Во вторникок изборниот штаб на опозициската кандидатка на претседателските избори соопшти дека белоруските власти ја принудиле Светлана Тихановскаја да ја напушти земјата.

Тихановскаја: Донесов тешка одлука да ја напуштам земјата и знам дека многу ќе ме мразат за тоа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот