Лукаку е хит на интернет со својот одговор на навивач на Јунајтед
Ромелу Лукалу имаше одлична сезона во дресот на Интер со кој ја освои титулата во Серија А, а со добрите игри продолжува и во белгиската репрезентација на Евро 2020 со која обезбеди пласман во осминафиналето.
Белгија оствари три победи во групната фаза, а Лукаку постигна три гола, но сепак постојат фанови кои се обидуваат да го дискредитираат. Тоа посебно се однесува на навивачите на Манчестер јунајтед, тимот од кој Лукаку замина во Интер. Еден фан на Јунајтед преку Твитер го праша Лукаку како не може да ја контролира топката.
„Како тоа не можеше да ја контролираш топката во Јунајтед, а успеа во Интер? Мислам не можеше да направиш едноставни додавања“, праша навивачот на Јунајтед, по што доби експресен одговор од белгискиот репрезентативец.
„Не би играл на ова ниво доколку не можам да ја контролирам топката, кретену…“.
I wouldn’t play at this level if i couldn’t control a ball the fuck 😕 https://t.co/8EKhsWgdXK
— R.Lukaku Bolingoli9 (@RomeluLukaku9) June 23, 2021
Лукаку изминатата сезона постигна 24 гола на 36 натпревари во Серија А.
Белгиецот имаше уште еден интересен одговор на прашањето да направи споредба помеѓу Милано и Манчестер како и помеѓу Премиер лигата и Серија А.
„Тоа се два прекрасни градови. Но, играта е поинаква, во Италија мора повеќе да го користите мозокот“.