Лука Јовиќ замена за Ибрахимовиќ во Милан!?

фото: твитер

Договорот на Швеѓанецот со „росонерите“ му истекува ова лето и нема никакви најави за продолжување на соработката.

Според „Гаѕета дело Спорт“, Златан Ибрахимовиќ ќе го напушти Милан на крајот од натпреварувачката сезона.

Тоа нема да значи крај на неговата кариера играч, туку истата ќе ја продолжи во Шведска бранејќи ги боите на Хамарби.

Договорот со „росонерите“ му истекува ова лето и нема никакви најави за продолжување на соработката.

Се шпекулира дека како замена за Швеѓанецот на „Сан Сиро“ треба да дојде досегашниот играч на Реал Мадрид, Лука Јовиќ.

Потсетување дека Ибра ја искористи принудната пауза во Серија А, со тренинзи и играње контролни натпревари за Хамарби во Шведска за да ја одржи формата, за клубот во кој има 25 отсто сопственост од акциите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот