Истражување: Луѓето кои постојано доцнат се поопуштени и подобро поминуваат во животот

Фото: Pexels/KoolShooters

Луѓето кои постојано доцнат често се оптимисти и нереални, а ваквиот начин на размислување влијае на нивната перцепција за времето. Тоа не го прават намерно, туку искрено веруваат дека ќе успеат да направат сѐ што планирале и навреме да стигнат таму каде што треба. Но, тој план секогаш дава неуспех и тие секогаш доцнат, објаснува Дијана Делонзор во својата книга „Never Be Late Again“.

Професорот по психологија Џеф Конте од Универзитетот во Сан Диего направил истражување на оваа тема. Тој испитал два типа на личност – тип А (нетрпелив и конкурентен) и тип Б (креативен и опуштен). Тој ги класифицирал луѓето склони кон доцнење како тип Б.

Задачата на испитаниците од двете групи била да се обидат да погодат точно колку време поминало. Луѓето од групата А кажале 58 секунди, а луѓето од групата Б кажале 77 секунди. Со ова тој докажал дека луѓето кои постојано доцнат навистина имаат поинаква перцепција за времето, односно немаат соодветно чувство за текот на времето.

Фото: Pexels/KoolShooters

Исто така, овој тип луѓе не се лутат кога другите доцнат, бидејќи ја гледаат пошироката слика. Покрај тоа, тие се поспонтани, не се замараат за работи на кои не можат да влијаат, на пример, тоа што автобусот доцни. Затоа околу себе шират позитивна енергија која е пријатна за другите.

Луѓето кои доцнат знаат да ги спакуваат работите во торба пет минути пред поаѓање, да најдат сместување или лет во последен момент итн. Тие се оптимисти и не мислат дека нема да успеат во она што го зацртале, дури и ако успеат во последен момент. Поради ова, тие се поуспешни во животот и имаат шанса да живеат подолго од луѓето кои никогаш не доцнат.

Но, тие имаат и свои недостатоци, велат истражувачите. Бидејќи не можат да го контролираат времето, тие често немаат контрола врз парите и не се упорни во своите замисли и планови. Тие живеат во сегашноста и не размислуваат многу за иднината, па штедењето за пензионерските денови не им е силна страна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот