„Лудиот“ научник кој сакаше да ги спои Европа и Африка: Бизарната утопија за Атлантропа

Фото: Принтскрин/Tom Scott

Пред нешто помалку од еден век, тогашната германска елите расправала за идејата на архитектот Херман Зоргел за создавање на суперконтинент кој би го сочинувале денешна Европа и Африка, пренесе српски „Курир“. Замислениот континет го нарекле Атлантропа.

Дека сите биле „загреани“ за тој проект сведочи и обемната документација за Атлантропа, исечоци од бројни географски списанија, како и цели мапи на потенцијалните европски градови во Африка, кои денес се чуваат во Минхенскиот музеј.

Фото: Твитер/Simon Kuestenmacher

Како што знамислил Зоргел, со сушење на целото Средоземно Море. Финалните нацрти за Атлантропа откриваат дека Медитеранот би бил поделен на неколку делови кои подразбираат и брана на Гибралтар, две брани на реката Конго, како и создавање на мориња во Чад и Конго. Така, на милиони Европејци би им било овозможено да пронајдат подобар живот во Африка, и така да доминираат со овој континент, што во времето на расизмот и колонијализмот било комплетно прифатлива идеја.

Иако денес оваа идеја се поврзува за фашистите, тоа што Атлантропа ја правело толку привлечна е визијата за „мир во светот“ која ја застапувал проектот, со едноставно технолошко решение (изградба на брани и мостови).

Базата на суперконтинентот би била една огромна хидроелектрана, чија енергија би ја користеле поголемиот дел од двата континента, а независниот Совет би имал овластување да ја скрати енергијата на секоја држава која би станала закана за светскиот мир.

Покрај тоа, планот на Зоргел велел дека секоја од државите во реализацијата на проектот да уложи многу пари, за на ниту една да не и остане за да може да финансира војна.

Од денешна перспектива, оваа идеја делува како утопија или научнофантастичен филм, но Зоргел толку верувал во Атлантропа што речиси поголемиот дел од животот го посветил на неа. Ги промовирал своите идеји ширум светот, низ весници, на радија, во филмови и изложби, па дури и преку опера која се викала „Атлантропска синфонија“.

Напишал неколку книги за тоа, првата „Панропа Проект“ ја објавил во 1929 година, во која го опишал сушењето на Медитеранот и наводнувањето на пустината Сахара. Таа идеја ја разработил на нов начин во книгата „Атлантропа“. Тој напишал уште четири книги за својот утописки проект до својата смрт во 1952 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот