Љубовната приказна на славниот музичар и светски најпознатата непозната уметница

profimedia

Кога го прашале Џон Ленон која е Јоко Оно, рекол „светски наjпознатата непозната уметница, сите го знаат нејзиното име, ама никој не знае со што се занимава“.

Јоко Оно, родена 1933 година, го минала детството и младоста на релација Јапонија – Америка,  во Њујорк се преселила на 18-годишна возраст каде што почнала да студира и набргу се венчала со првиот сопруг Тоши Ичијанаги, јапонски композитор, од кого набргу се развела, па се премажила со филмскиот продуцент и џез музичар Ентони Кокс. Во тој период таа била членка на авангарданата група Флексус.

profimedia

Со славниот музичар Џон Ленон се запознала во 1966 година, кога тој ја посетил нејзината изложба во Лондон, насловена „Незавршени слики и објекти“.

– Добив порака дека една неверојатна жена следната недела отвора изложба, нешто за луѓе во торби, во црни ќеси, и дека тоа ќе биде голем настан, или така нешто. Отидов да видам за што станува збор вечерта пред отворањето. Влегов, а таа не знаеше кој сум ни што сум, и талкав наоколу. Имаше неколку студенти од уметнички тип кои помагаа, а јас ја гледав изложбата воодушевен. На распродажба имаше јаболко од двесте фунти, мислев дека тоа е фантастично, веднаш го видов хуморот во нејзината работа. Не морав да знам многу за авангардната уметност, хуморот веднаш го разбрав, раскажал Ленон во едно интервју.

– Бев многу импресиониран и Џон Данбар (сопственикот на галеријата) не запозна. Ниеден од нас не знаеше кој е другиот, таа не знаеше кој сум, слушнала само за Ринго, мислам дека на јапонски тоа значи јаболко. Ми даде картичка на која пишуваше „дишете“, едно од нејзините упатства, па само си заминав. Тоа беше нашата прва средба, рекол Ленон.

Една од најубавите славни љубовни приказни таа вечер ја испишала својата прва страница. За втората страница биле потребни две години. Во тоа време, бракот на Ленон со неговата школска пријателка Синтија Пауел бил нестабилен поради насилниот карактер на Ленон, користењето на ЛСД, и бројните љубовни авантури, па дури и наводни хомосексуални врски. Синтија цело тоа време стоела до сопругот, му давала поддршка, негирајќи ги брачните проблеми. Но еднаш се вратила од некое патување и во нивниот стан ја затекнала Јоко, како во нејзиниот бадемантил и во брачниот кревет мирно пие чај. Ленон се обидел да објасни дека ѝ помага на Јоко во уметничкиот израз, но Синтија не поверувала. Со разводот добила месечна алиментација од 100.000 фунти за синот Џулијан.

profimedia

Истата, 1968 година, Јоко имала спонтан абортус на машко дете кое сакале да го крстат Џон Оно Ленон. Идната година се венчале со десетминутна церемонија, и оттогаш бле неразделни. Ленон бил многу фасциниран од контроверзната Јапонка што го прифаќал секој нејзин предлог, сугестија и критика на песните кои ги создавал, па многу критичари токму неа ја обвиниле за лошиот прием на последниот албум кај публиката.

– Кога ја запознав Јоко, тоа е оној миг кога ја запознаваш својата вистинска жена и ги оставаш своите другари во барот. Повеќе не одиш со нив да играш фудбал, билијард. Можеби некои типови сакаат тоа да го прават секој петок и да ја продолжат својата врска со другарите, но кога ја пронајдов вистинската жена другарите веќе не ме интересираа воопшто, тие станаа стари пријатели. Знаете она, „еј, како си, како е твојата сопруга?“ Тој фазон. Го знаете она, „тие црквени ѕвона ќе ја растераат мојата стара банда“. Тоа не го сфатив додека не ја запознав Јоко, кога имав 26 години“, објаснил Ленон, и додал. – Но што сега, тоа беше тоа. Мојата стара банда веќе речиси беше растурена кога ја запознав. Во тоа време свесно не знаев, но тоа се случуваше. Кога ја запознав тоа беше крај со другарите, иако во тоа време другарите беа многу познати, а не само обични момчиња од пабот“.

Со Јоко потоа ја снимиле нивната прва песна насловена “Give Peace a Chance”, посветена на војната во Виетнам. Овој период од животот Ленон го овековечил со песната „Балада за Џон и Јоко“, а парот секаде одел заедно. Колку била голема зависноста на Ленон од Јоко зборува податокот дека за време на снимањето на послесниот албум на Битлси  “Abbey Road”донел огреомен кревет во студиото за и таа да може да присуствува. Истата година Ленон официјално ја напуштил групата. Фановите за оваа негова одлука ја обвиниле јапонската уметница.

За да побегнат од обвинувањата за „растурањето“ на Битлси, Јоко му предложила на Џон да се преселат во САД, а тоа го направиле во 1971. Но тогаш дошло до првите проблеми во нивниот брак, а Ленон дури и се преселил од станот и си нашол љубовница. Се смириле четири години подоцна, и го добиле синот Шон.

profimedia

Во следните години Ленон целосно се повлекол од музичката сцена, се додека, сопругата не го наговорила да се врати со песната “Starting over” (1980).

Во целиот период додека била со Ленон, Јоко Оно која имала и свој „Пластик Оно Бенд“, самостално или со Ленон снимила над 20 албуми. Музичките критичари, многу година подоцна, ја нарекле „неталентирана шарлатнака“.

profimedia

Во периодот меѓу 1964. и 1972. година, снимила и уште 16 експериментални филмови, а напишала и една книга – Grapefruit, која имала најавено продолжение кое никогаш не го напишала ни објавила.

Џон Ленон бил убиен пред зградата во која живеел (1980), пред очи на Јоко. По неговата смрт започнала интерактивен проект насловел Дрво на желби (инсталација која од 2010 година се наоѓа во МоМа), продолжила со уметничките активности, а како знак на сеќавање на Ленон во 2000 година го отворила музејот John Lennon Museum во Јапонија кој бил затворен после десетгодишна работа, откако Јоно одлучила дека нема да го продолжи договорот со просторот во кој биле изложени експонатите. Потоа основала меморијален центар Strawberry Fields во Њујорк и The Imagine Peace Tower на Исланд.

По смртта на Ленон никој не ја видел со друг маж во јавност. Зборувала дека љубовта кон Џон, нејзиниот трет сопруг, никогаш не престанала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот