ЉУБОВНА ДРАМА СО ТРАГИЧЕН КРАЈ: Девојка од Србија побегнала за друг, а потоа почнала КРВАВА ПРЕСМЕТКА

Голема крвава пресметка помеѓу неколку семејства кои влегле во конфликт денеска се одиграла во Србија, Суботица, пренесува Курир.рс. 

Според овие извори, во денешниот конфликт учествувале неколку семејства, а се почнало со жестока кавга која прераснала во физичка пресметка, во која 62-годишниот Бериша Беџет бил избоден до смрт, а 55-годишниот Фехми Б. бил тешко повреден.

Во меѓувреме, како што јавуваат српските медиуми, роднините на убиениот човек, како и дел од учесниците во тепачката од пазар дошле во болницата, каде повторно се случил нов инцидент.

Според неофицијални информации, крвавата пресметка се случила како последица на љубовна драма и кавга околу невестата.

Девојката на која родителите им договориле брак, одбивала да се омажи за момчето кое и го избрале, па побегнала со друг маж.

Кога нејзиното семејство дознало, тие веднаш тргнале да се пресметаат со мажот со кој таа побегнала.

За жал, кавгата се претворила во голем крвав инцидент со ножеви, кој завршил трагично за Беџет, а осомничениот за убиството Фехми Б., бил повреден и хоспитализиран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот