ЛШ: Вардар 1961 ќе се обиде во Унгарија да го поправи впечатокот
Слободен печат
Пред
epa09110953 Veszprem's Vuko Borozan (L) in action against Vardar's Gleb Kalarash (R) during the EHF Champions League round of 16 match between HC Vardar 1961 and Telekom Veszprem HC in Skopje, Republic of North Macedonia, 01 April 2021. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Денеска од 18.45 часот Вардар 1961 ќе го игра реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Веспрем на нашиот репрезентативец Дејан Манасков.
„Црвено-црните“ имаат голема негатива од првиот меч во Скопје во кој Унгарците триумфираа со 14 голови разлика (27:41) и со една нога се во следната фаза.
На играчите предводени од тренерот Стевче Алушовски ќе им треба чудо доколку сакаат да се пласираат во четвртфиналето, но тимот на Давид Дејвис покажа уште во првите 60 минути дека и сезонава има сериозни амбиции да се најде на Ф4 турнирот и во нов обид да ја освои европската титула.
За нашиот претставник останува само да го поправи впечатокот и достојно го заврши меѓународниот настап, иако останува да се види што ќе се случи на возвратната пресметка.
Судии на денешниот дуел се Игнасио Гарсија Серадиља и Андреу Марин од Шпанија.
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Во каква состојба се автобуските постојки низ градот, сведоци се граѓаните што секојдневно користат јавен градски превоз. Дел од нив се со ишарани и измачкани стакла, некои немаат натстрешници, некои клупи, а на повеќето се искршени и кантите за ѓубре. Некаде нема електронски информативни табли преку кои граѓаните се информираат за пристигнувањето на автобусите, а …
СДСМ значително потфрли во овој круг на претседателските избори, но може да се обиде да го подобри својот резултат во наредните две недели бидејќи меѓу другото имаат и оперативни потфрлања и можат со анализа по општини и поединечно по гласачки места да видат каде можат да ги подобрат резултатите, вели Сашо Ордановски за „Слободен печат“. …