ЛШ, Нагелсман: Можеме и без Вернер против Атлетико Мадрид!

фото: твитер

Фудбалерите на Лајпциг и Атлетико Мадрид денеска (21.00 часот) на стадионот „Жозе Алвеладе“ во Лисабон ќе играат во второто четвртфинале во Лигата на шампионите.

Вчера го дознавме првиот патник во полуфиналето, екипата на ПСЖ со 2:1 беше подобра од составот на Аталанта. Токму париските „светци“ го чекаат вечерашниот победник со кој ќе се соочат на 18 август, а обложувалниците нешто поголеми шанси за пласман во следната фаза му даваат на шпанскиот претставник.

На спротивната страна германската екипа предводена од тренерот Јулијан Нагелсман ќе го дадат максимумот и излезе како победник во пресметката против играчите на Диего Симеоне.

Ова лето бундеслигашот остана без својот прв стрелец, Тимо Вернер кој одлучи да направи трансфер во Челси. Нагелсман е сигурен дека отсуството на тој играч нема да се почувствува во играта.

Вернер во минатата сезона реализираше 34 голови и запиша 12 асистенции на 45 мечеви во сите натпреварувања.

Ќе го замениме Вернер со способен играч, наскоро ќе знаете кој ќе го замени. Имаме квалитет, да, Вернер секако дека ќе беше стартер, но имаме играчи кои можат да се најдат во таа улога. Имаат шанса другите фудбалери да покажат што знаат и се надевам дека ќе постигнуваат многу голови – рече Нагелсман.

Свесен дека Атлетико Мадрид има големо искуство, но се игра еден натпревар и сè е можно.

Ќе ја гледаме нашата игра. Знаеме дека играчите на Атлетико се искусни, физички се силни, имаат силни дефанзивци како Хименез и Стефан Савиќ. Сакам да играме повеќе по страна, да бараме простор помеѓу нивните линии. Нема да го менуваме нашиот стил на игра. Постои пристиок, нервозата е присутна, но не сакам да ги притискам играчите додатно. Во фудбалот секогаш имате тензија. Зборувавме за различни сценарија, доколку ние реализираме гол, или тие поведат. Ќе биде возбудливо – додаде младиот стратег на Лајпциг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот