ЛШ: Аталанта го живееше сонот 90 минути, финишот среќен за ПСЖ! (ВИДЕО)

фото: EPA-EFE/David Ramos

Вечерва на стадионот „Да Луж“ во Лисабон се одигра првото четвртфинале на завршниот турнир во фудбалската Лига на шампионите, ПСЖ триумфираше со 2:1 против Аталанта.

Италијанскиот клуб беше досега најголемото изненадување во елитното натпреварување, а беше многу блиску да обезбеди настап во следната фаза. Уште во третата минута париските „светци“ можеа да дојдат до предност, но Нејмар не излезе како победник во дуелот со голманот Спортиело.

Дојде казната во 27 минута, хрватскиот интернационалец Пашалиќ по додавањето на Запата со еден прекрасен погодок со левата нога го отвори резултатот. И кога сите помислија дека составот од Бергамо ќе го шокира противникот, францускиот шампион во самиот финиш прави целосен пресврт.

Во 90 минута Маркињос после асистенцијата на Нејмар прво успеа да израмни, а три минути подоцна Мбапе го пронајде Чупо-Мотинг за поставување на конечниот епилог и голема радост кај тренерот Тухел.

Во полуфиналето на 18 август („Да Луж“, 21.00 часот) ПСЖ ќе ги одмери силите против подобриот од пресметката Лајпциг-Атлетико Мадрид кои ќе играат в четврток од 21.00 часот на стадионот „Жозе Алваладе“, Лисабон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот