ЛШ: Јувентус елиминиран, Варан го „уништи“ Реал Мадрид! (ВИДЕО)

фото: EPA-EFE/Shaun Botterill

Познати се новите патници во четвртфиналето на фудбалската Лига на шампионите, тие се екипите на Манчестер сити и Лион кои си закажаа четвртфинална пресметка во Лисабон.

После поразот на првиот натпревар од 1:0, Јувентус беше свесен дека мора да брка триумф против Лион, и тоа го направи на домашниот терен во Торино, но не беше доволно.

Французите дојдоа во предност благодарение на Депај кој беше прецизен од белата точка (12 мин.), а на ист начин непосредно пред паузата возврати Роналдо (43 мин.) за израмнување.

Португалецот по вторпат се запиша во листата на стрелците во 60 минута со еден прекрасен гол со левата нога за задржување на шансите на „Старата дама“. На италијанскиот шампион му беше потребен уште еден погодок до целосен пресврт, но на крајот благодарение на гостинскиот погодок Лион се пласираше на завршниот турнир.

Реал Мадрид после поразот дома од 1:2 на „Етихад“ стадионот во Манчестер без Герет Бејл имаше за цел да ја анулира негативата, но играчите на Зинедин Зидан со истиот резултат беа поразени и на реваншот.

Уште во деветтата минута Сити беше во водство благодарение на грешката на Варан, односно му беше украдена топката од Габриел Жезус, а овој асистираше до Стерлинг на кој не му беше тешко да ја затресе мрежата на Куртоа.

„Кралевите“ ги вратија шансите во овој двомеч откако Бензема како на тренинг во одлична соработка со Родриго успеа да реализира за нов егал.

Варан вечерва дефинитивно ја имаше една од најлошите фудбалски партии, и во незгоден момент за неговиот клуб, направи уште една голема грешка.

Во обид да ја врати топката со глава до Куртоа, не го забележа брзиот Габриел Жезус кој ја искористи невнимателноста и успеа да се запише во листата на стрелците за поставување на конечниот епилог.

Веќе се познати три парови во четвртфиналето на завршниот турнир во Португалија: Манчестер сити-Лион, Аталанта-ПСЖ и Лајпциг-Атлетико Мадрид.

В сабота (8. август) од 21.00 часот ќе се одиграат уште два осминафинални реванш мечеви, Барселона-Наполи (1:1) и Баерн Минхен-Челси (3:0), после кои ќе ја дознаеме и последната четвртфинална двојка во елитното натпреварување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот