ЛОТО 7 донесе 6-ка вредна над милион денари

Чекајќи ја 7-ката вредна 30 000 000 денари, се радуваме на големи 6-ки!

Скопје, 24.7.2020 год. – Лото 7, во период од два месеца – од коло 43/2020, од кога е исполнет и замрзнат фондот за првата категорија добивки со 7 погодоци во износ од 30 000 000 денари, донесе 74  богати добивки со шест погодоци. Најголемата од 6-ките е постигната токму во последното одиграно 59. коло и вреди над еден милион денари –  1 121 472 денари.  Во ова коло имавме и црвено топче, што го удвои фондот за  за категорија со шест погодоци, на што се додаде и фондот од замрзнатата седумка.

Висината на единечната добивка со 6 погодоци, зависи од уплатата и од бројот на постигнати добивки од истата категорија добивки. Добитниците на добивки со 6 погодоци од  моментот на замрзнување на фондот на 7-ката, имаат многу повеќе причини за радост.

По замрзнување на фондот со 7 погодоци на 30 000 000 денари, на фондот за добивки со шест погодоци што изнесува 25% се додава и фондот за добивки со 7 погодоци што изнесува 40%, со што значително се зголемени добивките со 6 погодоци (двојно/тројно). Како за илустрација, во 48. коло, поединечната добивка со шест погодоци изнесуваше 485 550  денари, а во 49. коло, кога немаше добивка со 6 погодоци,, поединечната добивка со пет погодоци изнесуваше рекордни 15 856 денари.

Во коло 57/2020 година, онлајн играч со игра со полн систем освои пет 6-ки, а во последното 58/2020 коло, играч којшто уплатил полн систем од 8 броеви во продажното место АСУРА ПЛУС во Ѓорче Петров, доби две шестки (и шест петки), или вкупна добивка од 582 499 денари.

Во овој период постигнати се вкупно 74 шестки и тоа во Битола, Гевгелија, Скопје, Струга, Струмица, Охрид, Гостивар, Валандово, Тетово, Куманово, Кавадарци, Штип, Берово, Крива Паланка и 11 шестки се уплатени ОНЛИНЕ,преку веб страната на Државна Лотарија www.loto.mk

Со ова се потврди компаниската одлука за замрзнување на фондот на 7-ката, на висина од 30.000.000 денари. Ваквиот концепт на играта креирана од стручните лица за игри на среќа при Државна лотарија, е врз основа на неколкугодишни анализи и согледувања, е со цел задржување на интересот за играта и задоволството на играчите со зголемување на износите на категориите добивки со 6 и 5 погодоци во колата кога нема постигнато добивка со 7 погодоци.

Добивката со 7 погодоци може да биде постигната секое одиграно коло и затоа не пропуштајте ја шансата во секое коло за 20 денари да уплатите барем една комбинација ЛОТО 7 во кое било продажно место на Државна лотарија или ОНЛИНЕ преку www.loto.mk. Ви препорачуваме во време на ковид-19, да ги користите предностите на онлајн играњето.


Комерцијален текст

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот