Лопетеги доби отказ после дебаклот против Борусија Дортмунд

Хулен Лопетеги три години беше на клупата на Севиља/фото: EPA-EFE/Liselotte Sabroe

Хулен Лопетеги повеќе не е тренер на Севиља, објави шпанскиот клуб на својата официјална веб-страница после високиот пораз во Лигата на шампионите.

Борусија Дортмунд ја победи Севиља на гости со 1:4, а раководството на андалузискиот клуб очигледно го смета Лопетеги за одговорен за овој пораз, но и за генерално слабите игри сезонава.

– Претседателот и потпретседателот потврдија дека повеќе не сум тренер на Севиља. Тоа беа три историски, спектакуларни години, трипати игравме во Лигата на шампионите. Не почнавме добро оваа сезона и тие донесоа одлука што морам да ја прифатам, дури и ако не ми е по волја – рече Лопетеги по мечот со Дортмунд.

Шпанските медиуми со денови шпекулираат дека на клупата на Севиља ќе се врати Хорхе Сампаоли.

Лопетеги со Севиља успеа во сезоната 2019/2020 да ја освои Лига Европа, а беше поразен во УЕФА Суперкупот од Баерн Минхен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот