ВИДЕО | ЛШ: Челзи сигурен во дербито, ПСЖ не победи во Лисабон, Халанд не запира

Челзи - Милан/5 октомври/фото: EPA-EFE/Isabel Infantes

Вечерва се играа нови натпревари во Лигата на шампионите и зад нас е прилично возбудлива вечер во која видовме дури 28 голови. Дербито го играа Челзи и Милан.

Иако овој натпревар беше означен како дерби на вечерта сепак, на теренот се помина во знакот на еден тим. „Сините“ доминираа и запишаа убедлива победа од 3:0. Натпреварот беше отворен со голот на Фофана во 24. минута. Тоа беше и единствениот гол во првите 45 минути, Милан во последните минути од полувреме пропушти добра прилика да изедначи преку Круниќ.

На стартот на вториот дел Пјер Емерик Обамејанг се запиша во листата на стрелци и зголеми на 2:0. Не помина многу време, после само пет минути Рис Џејмс стрелаше за 3:0.

Манчестер Сити играше против Копенхаген, а таму повторно една од главните ѕвезди беше Ерлинг Халанд. Норвежанецот постигна два гола во првото полувреме, па Гвардиола се реши да го одмори во вторите 45 минути. Марез и Алварез постигнаа уште по еден гол, додека Кочолава си ја погоди сопствената мрежа.

Реал Мадрид можеби потешко од очекувањата, но не дозволи изненадување и славеше против Шахтјор (2:1). Трите гола постигнати на овој натпревар ги видовме во првото полувреме, Родриго и Винисиус погодуваа за Реал, Зубков постигна гол за гостите.

Бенфика во Лисабон успеа да го запре ПСЖ и тоа е најголемото изненадување во вечерашните натпревари. ПСЖ стигна до водство во 22. минута кога после една одлична акција со Нејмар и Мбапе прекрасен гол постигна Меси.

Јувентус после поразите во првите две кола вечерва го совлада Макаби Хаифа со 3:1. Два гола постигна Рабио, еден Влаховиќ, Дејвид го постигна утешниот гол за гостите.

Борусија Дортмунд забележа убедлива победа против Севиља победувајќи со 1:4. „Милионерите“ прашањето на победникот го решија уште во првото полувреме после кое водеа со 0:3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот