Ливерпул во најсилниот состав ја „лови“ светската титула (ФОТО)

фото/твитер

Како што е веќе познато, актуелниот шампион на Европа во полуфиналето на Светското клупско првенство ќе игра против Монтереј.

Мексиканскиот клуб успеа да се пласира во следната фаза, откако со конечни 3:2 славеше против екипата на Ал Сад. Менаџерот на „црвените“, Клоп ќе има на располагање 20 играчи, а на списокот патници не се најдоа Дејан Ловрен и Жоел Матип.

Дуелот меѓу Ливерпул и Монтереј е на програмата в среда, а во втората полуфинална пресметка ќе се соочат Фламенго и Ал Хилал.

Во Катар отпатуваа: Алисон Бекер, Виржил ван Дајк, Џорџино Вајналдум, Џејмс Милнер, Наби Кеита, Роберто Фирмино, Садио Мане, Мохамед Салах, Џо Гомез, Адриан, Џордан Хендерсон, Алекс Окслејд Чемберлејн, Адам Лалана, Енди Лонерган, Џердан Шаќири, Енди Робертсон, Дивок Ориги, Куртис Џонс, Трент Александер Арнолд и Неко Вилијамс.

Ливерпул ќе се обиде по вторпат да дојде до првата светска титула, во 2005. година беше финалист, но загуби тогаш во Јапонија загуби од бразилскиот Сао Паоло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот