Ливерпул и Фламенго ги дознаа противниците на СП за клубови

твитер

Европскиот шампион Ливерпул во полуфиналето (18 декември) на натпреварувањето кое се игра во Доха, ќе се сретне со шампионот на Конкакаф, Монтереј од Мексико, додека Фламенго го очекува дуел со Ал-Хилал.

Мексиканскиот Монтереј во четвртфиналето беше подобар од катарскиот Ал Сад триумфирајќи со 3:2. Головите за Монтереј ги постигнаа Вањони во 23. минута, Фунес Мори во 45. и Родригез во 77. минута, а Ал Сад чиј тренер е легендата на Барселона, Чави, преку Бунеџах и Хасан избегна убедлив пораз.

Јужноамериканскиот шампион Фламенго во полуфиналето на 17 декември ќе игра против победникот на азиската Лига на шампиони, Ал-Хилал од Саудиска Арабија.  Ал-Хилал благодарение на голот на Бафетимби Гомис во 73. минута со 1:0 ја совладаа Есперанса од Тунис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот