Ливерпул најде замена за Мане, екс играч на јунајтед

EPA-EFE/Ian Langsdon

Се поизгледно е дека Ливерпул на лето ќе остане без најдобриот играч сезонава, Садио Мане за кого сериозен интерес пројави Реал Мадрид и уште сега започна да ја бара неговата замена.

Изборот падна на холандскиот репрезентативец кој игра за Олимпик Лион, Мемфис Депај. Според францускиот „Л’Екип“ евентуалната продажба на Мане на Реал Мадрид, ќе го натера Ливерпул со сите сили да тргне по Депај како би ја пополнил евентаулната празнина по заминувањето на напаѓачот.

Депај има искуство од играње во Премиер лигата, тој две години го носеше дресот на најголемиот ривал на „црвените“, Манчестер јунајтед но откако не се снајде најдобро на Олд Трафорд во 2017 година се пресели во Лион.
Доаѓањето во Франција се покажа како полн погодок за Депај, игра фантастично и повторно го сврте вниманието на гигантите кон себе. Холанѓанецот сезонава на 39 натпревари во сите конкуренции постигна осум голови и има 14 асистенции.

Првичната понуда на Ливерпул со која би го опипал пулсот на челниците на Олимпик Лион би требало да изнесува помеѓу 50 и 60 милиони евра, а лесно може да се случи Депај на лето да не биде единствен кој од Лион би се преселил во англискиот премиерлигаш бидејќи се подготвува понуда и за Набил Фекир.

Фекир минатото лето требаше да потпише за Ливерпул но откако не ги мина лекарските прегледи, англискиот тим го откажа трансферот но сега повторно најавува дека ќе се обиде од „втора“ да го ангажира Французинот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот