Ливерпул ги дозна противниците на Светското клупско првенство

Светската фудбалска организација ФИФА денеска ја објави ждрепката за Светското клупско првенство на кое главен фаворит за трофејот е европскиот шампион Ливерпул. „Црвените“ настапите ќе ги започнат од полуфиналито, исто како и шампионот на Копа Либертадорес.

На отворањето на Светското клупско првенство ќе играат домашниот тим Ал Сад и шампионот на Океанија, Хиенген Спорт, а победникот ќе се сретне со мексиканскиот Монтереј. Токму победникот од тој четвртфинален дуел ќе биде ривал на Ливерпул.

На другата страна на ждребот, шампионот на Копа либертадорес за противник во полуфиналето ќе го има подобриот од дуелот помеѓу шампионот на Азија и африканскиот првак Есперанса Тунис. Турнирот ќе почне на 11. ноември, а ќе се игра во Катар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот