Лист-маските, растечки K-бјути тренд

Лист-маските се тренд во нега на лицето кој ни доаѓа од Кореја и Јапонија.

Лист маските претставуваат задоволство кое може да си го дозволите два или трипати неделно во зависност од типот на вашата кожа. Разноликоста на маските е забавна. Некои маски содржат екстракти од различни растенија од кои секое има различна функција, некои слуз од полжав кој ја навлажнува кожата, некои отров од пчела која ја стимулира кожата или витамин-Е против стареење. Придобивката од  лист-маските е дополнителен слој на хидратација, засилен со фактот дека маската обезбедува оклузија и подолготрајно делување на активните состојки. Покрај тоа, 20 минути додека лист-маската стои на лицето е совршено време да гледате телевизија или да слушате музика и да се опуштите!

ШТО Е ЛИСТ-МАСКА?

Лист-маската е ткаеина со форма прилагодена на лицето, натопена во серум богат со хранливи состојки. Тоа се маски за една употреба, практични се и лесни за употреба. Се разликуваат од маските во вид на паста по тоа што само се поставуваат на лицето, а лицето не се мие по отстранувањето на ткаенината, туку лесно се тапка за остатокот од серумот да се апсорбира целосно.

ОД КАДЕ ПОТЕКНУВААТ ЛИСТ-МАСКИТЕ?

Лист-маските потекнуваат од Јужна Кореја и Јапонија, чие население е познато по својата посветеност на нега на кожата. Од неодамна лист-маските направија промени во козметичката индустрија и низ други делови од светот. Нивната популарност станува сѐ поголема во Европа, а исто и кај нас.

КОИ СЕ ПРЕДНОСТИТЕ НА ЛИСТ-МАСКИТЕ?

Ткаенината на лист-маските е потопена во висококонцентрирани серуми, богати со активни состојки. Самата ткаенина го спречува брзото испарување на серумот што овозможува тој да се апсорбира подолго време во кожата, со што се зголемува неговото дејство. Со своето дејство ги надминуваат резултатите од употребата на серуми, а овие резултати се видливи по само една употреба.

„Олпео, специјализирана продавница за корејска козметика

„Oлпео“ е продавница специјализирана за корејска козметика отворена во февруари 2019 година и е единствена од ваков тип во нашата земја. Лоцирана е во Градскиот трговски центар во Скопје, на првиот кат. „Олпео“ нуди избор од над 200 производи од 11 корејски брендови, со кои можете да ја практикувате познатата корејска рутина за нега во повеќе чекори. Тука ќе најдете голем избор на лист-маски од брендовите COSRX, Klairs, Benton, Lapothicell, Aromatica, Langsre и други.

Широк избор на лист-маски можете да најдете во „Olpeo“ во ГТЦ, Скопје на 1-ви кат или да нарачате на www.olpeo.mk.

(комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот