Лингвистички блог: „Јазичарница“ на македонскиот јазик

Студентките по лингвистика Нина Тунтева и Викторија Блажеска, кои порано беа дел и од организацискиот тим на студентската филолошка конференција „Како си ми?“, која се одржува секоја година на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, го создадоа првиот блог за лингвистика на македонски јазик „Јазичарница“.

Целта на проектот е да ја приближи лингвистиката кон пошироката македонска јавност и да поттикне размислување и дискусија на различни теми поврзани со науката за јазикот и со македонскиот јазик.

Желба на авторките на блогот е да пишуваат за лингвистиката на едноставен и разбирлив начин и со тоа да создадат збирка од материјали на оваа тема што ќе им биде достапна за сите.

Дизајнот на блогот е дело на Бојан Станиќ.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 55, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 7-8 ноември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот