„Лимак-Скопје“: Станарите точно знаат за што плаќаат- трошоците им се транспарентно достапни по ставки

Лимак / Фото: ''Слободен печат''/ Драган Митрески

Од 193 станови во првата зграда на „Лимак“ незадоволни се само дваесетина. И тоа тие кои бараа спојување на становите, промена на распоредот или други интервенции. Ние сме во постојана комуникација со сопствениците на станови, ги прифаќаме забелешките, интервенираме бидејќи становите сѐ уште се во гарантен рок- велат од „Лимак-Скопје“. Изјавата нивна доаѓа по поплаките на дел од станарите за затекнатата техничка состојба и висината на сметките за одржување.
Комуникацијата, како што додаваат, се одвива на дневна основа, купувачите се задоволни, а тие излегуваат во пресрет и на секое поединечно барање на купувачите за изведба на одредени елементи во внатрешноста на становите, согласно нивните желби и замисли.

Лимак / Фото: ”Слободен печат”/ Драган Митрески

– Во моментов над 300 семејства од блоковите А и Б го имаат завршено примопредавањето на станови. Секој објект кој се пушта во употреба минува низ процес на прилагодување. Ние сме вклучени во овој процес и посветени сме на разрешување на предизвиците што ќе се појават, колку и тие да се ретки и специфични. Наш врвен приоритет е транспарентноста, осигурувајќи се дека секој сопственик на стан е целосно информиран за секоја фаза од процесот и условите што произлегуваат од неа- велат од „Лимак“.

Сопственик на стан во Лимак: Илјадници евра за прозори во кујна кои не се отвораат, клими кои се вклучуваат кога сакаат, влага…

Со предавање на становите почнале на 15.05.2023 година по добивањето технички прием за градбата и потоа немало изведба на градежни работи. Првата сметка за управување со објектот и негово одржување ја испорачавме шест месеци подоцна, во октомври 2023.

Лимак / Фото: ”Слободен печат”/ Драган Митрески

– Станарите добија гратис одржување четири месеци. Ќе добијат и гратис надворешно чистење на зградите и прозорците откако ќе се вселат повеќето станари. Нивото на одржување на објекти какви што се резиденцијалните згради на „Лимак“ подразбира обезбедување на бројни услуги за удобност на секојдневното функционирање на објектот, како чистење, одлагање на отпад, заедничка струја, управување… Во сумата која што ја добиваат за одржување е и техничкото одржување, заедничка вода, зеленило, осигурување, лифтови- велат од таму.

Лимак / Фото: ”Слободен печат”/ Драган Митрески

Според нив најголем број од тие услуги се зависни од движењата на влезните трошоци кои ги дефинира пазарот.

Лимак / Фото: ”Слободен печат”/ Драган Митрески

– На сите станари им се транспарентно достапни овие трошоци по ставки и ние тоа го правиме многу транспарентно, секогаш кога тоа од нас е побарано. Притоа, фирмата која се грижи за одржувањето е под наша контрола и работи без профит. Сопствениците знаат дека по истекот на првите две години пуштањето на објектот станарите ќе можат да си одберат друга фирма по свој избор. Секако, за условите и начинот на кој се реализира одржувањето сите наши купувачи се однапред точно информирани на јасен и транспарентен начин – велат од „Лимак“.

Лимак / Фото: ”Слободен печат”/ Драган Митрески

Трошоците за одржување и функционирање на секој од објектите вклучува само и исклучиво трошоци од конкретниот објект.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот