Лига на Европа: Адеми и Ристовски се надеваат на чудо во Шпанија

epa09123008 Arijan Ademi (R) of Dinamo Zagreb in action against Etienne Capoue (L) of Villarreal during the UEFA Europa League quarter final, 1st leg match between Dinamo Zagreb and Villarreal in Zagreb, Croatia, 08 April 2021. EPA-EFE/ANTONIO BAT

Вечерва се играат реванш натпреварите од четвртфиналето во Лигата на Европа каде двајца македонски репрезентативци се надеваат дека ќе успеат да ја продолжат битката за трофејот.

Аријан Адеми и Стефан Ристовски со нивниот Динамо Загреб му гостуваат на Виљареал и иако имаат негатива од првиот натпревар, се надеваат дека на крајот тие ќе се пласираат во полуфиналето.
– Ќе го нападнеме Виљареал од првата минута, немаме што да загубиме – изјави Ристовски.

Првата средба заврши со минимален триумф на шпанскиот тим, но во Динамо веруваат дека по пауза од 54 години, хрватскиот тим ќе игра во европско полуфинале.
– Со нетрпение го очекуваме натпреварот бидејќи ова е уште една можност да се покажеме во Европа, да го претставиме Динамо. Сите сме подготвени и максимално сме мотивирани па се надеваме дека на крајот ние ќе се радуваме – вели првиот голгетер на екипата, Мислав Орсиќ.

Стефан Ристовски сигурно ќе биде во првиот тим на Динамо, додека неизвесен е настапот на Аријан Адеми поради повреда, но хрватските медиуми најавуваат дека можно е тој да истрча на теренот од првата минута.
Во останатите натпревари од четвртфиналето, Манчестер јунајтед има предност од 2:0 од првиот натпревар и за очекување е без проблеми да ја елиминира Гранада, додека максимална неизвесност ќе има на натпреварите Славија Прага – Арсенал (1:1) и Рома – Ајакс (2:1).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот