Лига Европа: Металург во обид да го изненади Чеховски Медведи

Фото: rkmetalurg.mk

Денеска во Скопје ќе се одигра средбата меѓу екипите на Металург и Чеховски Медведи во рамките на групната фаза на Лига Европа. Ова е натпревар од петтото коло и требаше да се одигра на 1.12.2020 година, но истиот беше одложен поради проблеми со коронавирусот.

Овој дуел ќе започне од 18.00 часот во Арената „Борис Трајковски“, а ќе го судат Словенците Бојан Лах и Давид Сок, додека делегат ќе биде Камер Металари од Македонија. На првиот меѓусебен меч ривалот славеше со 40:27.

Тренерот на тимот од Автокоманда, Оливер Димитриоски и покрај што се единствените без победа во групата „А“, со пет порази и едно реми верува дека неговите играчи ќе бидат подобри на наредните мечеви.

– Се надевам дека од натпревар во натпревар ќе играат сè подобро. Тие сè уште се млади и мораат да играат заедно подолго време – вели Димитриоски.

На табелата води Висла Плоцк со 14 бодови, пред Адемар (девет), Чеховски Медведи (шест), Тулуз (четири), Аон Фиверс (четири) и Металург (еден).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот