Лига Европа: Еурофарм Пелистер во осминафиналето против Магдебург

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Денеска во последниот 10 натпревар од групната фаза во Европската лига екипата на Еурофарм Пелистер загуби на гостувањето кај Кадетен Шафхаузен со 29:26.

После поразот на ГОГ кај Рајн Некар, се отвори шанса за играчите на Жељко Бабиќ да се борат за втората позиција во својата група, но истата не успеаја да ја искористат со нова победа.

Бабиќ за овој дуел не можеше да смета на повредените Кузманоски, Маџовски, Кушан, Кукуловски и Вегар, додека поради проблеми со визата недостасуваше Египќанецот Хендави.

Босанските интернационалци Периќ со седум и Граџан со шест погодоци беа најефикасни во редовите на битолската екипа. На спротивната страна за швајцарскиот тим доминираше Унгарецот Барток со седум голови, четири имаше Шелкер.

На конечната табела во групата „Д“ Рајн Некар го освои првото место со 17 бодови, пред Кадетен (14), ГОГ (12), Еурофарм Пелистер (11), Тримо Требње (6) и Татабања (0).

Нашата екипа во осминафиналето ќе ги одмери силите против германскиот Магдебург, првопласираниот од групата „Ц“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот