Лидс со победа се испиша од Чемпионшип, Славен Билиќ го врати ВБА во Премиер лигата

Вистинско лудило во последното коло од втората по квалитет англиска фудбалска лига.

Екипата на Лидс за која настапува и Езгјан Алиоски од претходно го осигура пласманот во Премиер лигата и настапите во Чемпионшип ги завршија во голем стил. Лидс и Алиоски со убедливи 4:0 го совлдаа Чарлтон кој испадна од лигата и со победа се испишаа од Чемпионшип.


Вториот тим кој обезбеди директен пласман во Премиер лигата е екипата на Вест Бромвич Албион чиј тренер е Славен Билиќ. ВБА на својот стадион одигра 2:2 со КПР и благодарение на изненадувачкиот пораз на Брентфорд од Барнсли со 3:1, со освоениот бод дојдоа до второто место и промоција во Премиер лигата.

Во баражот за пласман во Премиер лигата ќе играат треопласираниот Брентфорд протв шестиот Свонси, односно четвтопласираниот Фулам и петтиот Кардиф.

Најголем губитник е тимот на Свонси кој со убедливиот пораз од 1:4 од Стоук испадна од баражот само поради еден гол.
Од лигата испаднаа Хал, Чарлтон и Виган на кој ќе му бидат одземени 12 бода порафи што Барсли се спаси.

Резултати 46. коло:
Бирминген – Дерби 1:3
Брентфорд – Барнсли 1:2
Бристол сити – Престон 1:1
Кардиф – Хал 3:0
Лидс – Чарлтон 4:0
Лутон – Блекбурн 3:2
Милвол – Хадерфилд 4:1
Нотингем – Стоук 1:4
Ридинг – Свонси 1:4
Шефилд В. – Мидлсбро 1:2
ВБА – КПР 2:2
Виган – Фулам 1:1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот