Лидерот на бунтовниците во Тиграј: Ќе продолжиме да се бориме

Лидерот на бунтовниците во Тиграј, Дебрецион Гебремајкл, само неколку часа откако синоќа беше соопштено дека се завршени воените операции во регионот, изјави дека ќе продолжи борбата противетиописката Влада.

– Нивната бруталност може да придонесе за нашата одлучност да се бориме против освојувачите, истакна Гебремајкл.

Етиописките сојузни сили вчера објавија дека имаат „целосна контрола” над главниот град на Тиграј, Мекеле, додека премиерот Абиј Ахмед истакна дека полицијата трага по лидерите на Народноослободителниот фронт на Тиграј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот