Личен рекорд на Меси по бројот на асистенции во „Ла Лига“

фото: твитер

Капитенот на Барселона, Лионел Меси синоќа подготви два гола за своите соиграчи во триумфот над Виљареал со 4:1.

Аргентинецот во 34. коло од шампионатот на Шпанија им асистираше на Луис Суарез и Антоан Гризман и стигна до 19 додавања по кои е постигнат гол. Ова е личен рекорд за Меси.

Во сезоните 2010/11 и 2014/15 година запиша 18 асистенции, а воедно ја предводи и листата на стрелците со 22 гола.

Оваа сезона, шесткратниот носител на „Златна топка” има 27 голови и 24 асистенции на 38 натпревари во сите натпреварувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот