Либанка се породила во разурната болница по експлозијата во Бејрут (ФОТО+ВИДЕО)

Twitter

Бремената Емануел била во болницата „Сент Џорџ“ и се подготвувала за породувањето кога експлозијата ја потресе престолнината на Либан.

Нејзиниот сопруг Едмонд сето тоа го снимил со камера.

Како што вели, влегувале во собата, додека докторите и сестрите се подготвувале да ја префрлат неговата сопруга на кревет.

„Траеше околу 20 секунди, слушнавме звук, а предметите почнаа да се тресат и да паѓаат, стакло, инструменти…“, рече Едмонд за Би-би-си.

Експлозијата го уништила родилиштето во болницата.

Twitter

Едмонд потоа ја барал сопругата низ болницата бидејќи од експлозијата паднал плафонот, а тој се исплашил да не се поврдени Емануел или бебето.

„Целата беше прекриена со стакло, се обидов прво неа да ја извлечам. Го извлеков креветот што беше напред и почнав да им помагам на докторите и на сестрите“, раскажа Едмонд.

Додаде и дека неговата жена била во шок, зашто во болницата немало лекови, туку тоа било „породување на стариот начин“.

Околу час и половина по експлозијата, Емануел го родила својот син.

И мајката и бебето се чувствуваат добро и покрај страшниот момент во кој еден
живот дојде на свет.

По експлозијата на социјалните мрежи се споделуваа и фотографии од медицинската сестра која успеала да спаси три новородени бебиња во Бејрут во болницата која се урнала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот