Либан има нов фаворит за премиер пред денешната посета на Макрон

Емануел Макрон
Емануел Макрон /Фото: ЕПА

Либанскиот амбасадор во Германија Мустафа Адиб би можел да стане новиот премиер на земјата, откако синоќа доби поддршка од сунитските политичари.

Адиб го именуваа четворица поранешни премиери пред почетокот на консултациите меѓу претседателот и парламентарните блокови за кандидат за оваа функција.

Поддршката за Адиб беше објавена пред денешната посета на францускиот претседател Емануел Макрон кој за време на дводневниот престој се очекува да изврши притисок врз либанските власти да формулираат нов политички пакт за надминување на бројните кризи во земјата, политичкиот ќор-сокак и широко распространетата корупција, како и лошото управување, коментираат светските агенции.

Ова е втора посета на Макрон на Либан за помалку од еден месец.

Тој пристигна неколку дена по разорната експлозија во пристаништето на Бејрут на 4 август, во која загинаа 190 лица, 6.000 беа повредени, а големи делови од главниот град беа уништени.

Либанската Влада поднесе оставка помалку од една недела по експлозијата.

Лидерот на Хезболах, Хасан Насралах вчера соопшти дека неговата шиитска организација ќе соработува и ќе помогне во формирање влада што ќе може да ги подобри економските услови и да спроведе големи реформи.

Адиб е единствениот кој се спомнува во врска со функцијата премиер, кој според поделбата на власта во Либан мора да биде сунит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот