Левандовски е поскап од целата македонска репрезентација

twitter.com/foto_andrus

Можеби еден од најважните дуели за „црвено-жолтите“ ако сакаат да бидат во сериозна трка за учество на Европското првенство 2020 година.

До сега против Полјаците сме играле во три пријателски мечеви одржани на неутрален терен. Имаме негативен ско од два порази и реми. Од сегашниот состав само Пандев има настапувано против Полска.

Во турската Анталија загубивме со 4:1, пораз во Сплит (3:0), а игравме нерешено 1:1 во Ројтлинген, Германија.

Ако ја гледаме вредноста на играчите, најголемата ѕвезда на Полска и член на Баерн Минхен, Роберт Левандовски според податоците на „Трансфермаркт“ вреди 65 милиони евра.

Левандовски е поскап од целата македонската репрезентација која пак според истиот извор на информации има вредност од 49,45 милиони евра.

EPA-EFE/Piotr Nowak

Ако одвојуваме по играч, најскапи моментно во нашата селекција по 10 милиони евра се Енис Барди (Леванте) и Елиф Елмас (Фенербахче), трет на оваа листа е Аријан Адеми (Динамо Загреб, шест милиони евра), по четири вредат Илија Несторовски (Палермо), Стефан Ристовски (Спортинг Лисабон) и Езџан Алиоски (Лидс), итн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот