Лепа Брена на синот му купи „порше“ за 130.000 евра: Браќата едвај го убедиле да го прими подарокот

Instagram

За 28. роденден, што го прослави вчера, Лепа Брена на својот син Стефан Живојиновиќ, му купила „порше панамера“, кое чини 130.000 евра.

„Брена на Стефан му купи кола веднаш по укинувањето на вонредната состојба. Планираше клучевите од автомобилот да му ги подари вчера, баш на неговиот роденден, ама не издржа. Пред една недела го паркираше „поршето“ во дворот на вилата на Бежаниска Коса и го повика Стефан, кој живее во неговиот стан на Вождовац на ручек. Тој ден кај Брена се собра целото семејство. Покрај Брена и Боба и Виктор со девојката Сандра, беа и Филип со Александра и сите го чекаа Стефан да дојде. Иако очекуваа дека ќе скока од радост, тој беше ладен како шприцер!“, открил извор близок на семејството за Информер.

Изворот објаснува дека Стефан се труди во јавноста да не биде претставен како мамин и татин син и дека затоа не сака родителите да му купуваат скапи работи.

„Стефан никогаш не сакаше да зависи од Брена и од Боба, дури и станот си го купи на кредит. Им рекол дека не требало да му подарат нешто толку скапо зашто не сака некој да го прозива дека мајка му и татко му му купуваат сè. Браќата Виктор и Филип едвај го убедиле да го прифати подарокот“, раскажува изворот.

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот