Лепа Брена и Саша Поповиќ ја продадоа „Гранд“ и заработија милиони – Слободен печат
ЕспресоШоу биз

Лепа Брена и Саша Поповиќ ја продадоа „Гранд“ и заработија милиони

Бизнисот во кој со години инвестираа им донесе голема сума на пари.

Саша Поповиќ и Лепа Брена, заедно со сопругот на Брена, Слободан Живоиновиќ, го продадоа уделот од 49 проценти од „Гранд продукција“ на компанијата „Јунајтед медија“ која во 2014 година веќе откупи 51 процент од пакетот акција.

Така тие двајца заработија вкупно 15 милиони евра, колку го инкасираа и пред пет години!

Целокупната трансакција од купопродажбата ќе биде завршена до крајот на оваа година, што значи дека од 2020 година во Агенцијата за стопански регистри името на основачот и ковласникот на „Гранд продукција“ ќе биде избришано.

Значи, со проста пресметка е заклучено дека Поповиќ и Брена и овој пат ќе добијат 15 милиони евра за продажбата на преостанатиот дел од „Гранд“.

Уделот на Саша во сопственичката структура изнесуваше 24 проценти, па затоа на него ќе му припаднат 7.350.000 евра, додека пејачката поседувала 25 проценти и таа ќе биде побогата за 7.650.000 долари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Исто прочитајте

Close
Close