Лекарите за состојбата на Трамп: Доби прва доза на Дексаметазон, претходно и Ремдесивир, подобар е (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS / POOL

Американскиот претседател ја добил првата доза на дексаметазон и неговата состојба се подобрува, порачаа лекарите пред воената болница „Валтер Рид“, но признаа дека досега двапати му паѓало нивото на кислород во крвта, во петокот на 94 посто, а вчера на 93 посто. Притоа истакнаа дека наскоро би можел да се врати во Белата куќа и тоа можно е да се случи веќе утре.

– Кога првпат бев кај Трамп, беше добар. Кога го посетив по вторпат, во петокот, имаше температура и чувствуваше замор. Нивото на кислород во крвта му падна на 94 посто. Потоа повторно шеташе и имаше благи симптоми, но заклучивме дека е најдобро да остане во болница. Неговата состојба се подобрува и не се жали на респираторни проблеми“, рече еден од докторите на Трамп.

Трамп добил и нова доза на Ремдесивир и не пројавува нуспојави на бубрезите, а терапијата ќе се применува пет дена, додадоиа лекарите.

Запрашан зошто Трамп не носи маска, докторот одговори дека ќе носи кога ќе биде потребно.

– Добро му оди, добро ја поднесува терапијата и ако се биде во ред, набрзо ќе се врати во Белата куќа. Можеби уште утре, додаде докторот на американскиот претседател.

Трамп се наоѓа во болница од петокот навечер поради симптоми на ковид-19. Тој денеска на Твитер објаво ново видео во кое рече дека не се чувствувал добро кога бил примен во болницата „Валтер Рид“, но дека сега е подобар и наредните неколку дена ги оцени како клучни за опоравување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот