Лекарите во Србија бараат враќање на онлајн настава и воведување на ковид пропусниците

Медицинскиот дел на српскиот Кризен штаб ќе бара сите училишта во Србија да се префрлат на онлајн настава, барем за 10 дена, и за тоа време да се зголеми опфатот на вакцинација на деца од 12 до 18 години.

Вакцинација против ковид-19 во Србија / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

 

Лекарите од српскиот кризен штаб , исто така, ќе бараат примена на ковид пропусниците – за сите затворени простории, освен во продавниците каде што се продава храна.

– Оваа катастрофална епидемиолошка состојба итно треба да ја решиме, по истиот модел како и другите цивилизирани земји – ги пренесуваат изјавите на медицинскиот дел на кризниот штаб српските медиуми.

Српската медицинска фела смета дека во моментов само околу еден процент од децата се вакцинирани, а дека со масовна имунизација на децата од училишната возраст, почнувајќи од 12 години и со само една доза од вакцината, би постигнале фантастичен резултат. Тоа е единствениот начин да се заштитат децата, кои сè повеќе заболуваат од ковид, дури и со исклучително тешка клиничка слика, сметаат српските лекари.

Во однос на неодамна донесените мерки, медицинскиот дел од српскиот кризен штаб соопшти дека се недоволни и дека ковид пропусниците треба да бидат задолжителни во текот на целиот ден, а не само по 22 часот како што беше одлучено минатата недела.

Од мај инсистираме на воведување на „пасошот“ на ковид и веруваме дека на сите им е јасно дека ваквото парцијално решение не може да нè одведе до целта. Не е време за собири, ниту во 10 часот наутро, ниту во 22 навечер, сметаат српските епидемиолози.

Изминатиот период во јавноста излегоа несогласувањата за воведување на нови мерки на медицинскиот дел од една и економско-политичкиот дел на српскиот кризен штаб за борба против пандемијата од друга страна.

Фото: EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC

Наспроти медицинарите кои предупедуваат за нагло ширење на вирусот и бараат 10- дневно целосно затворање на Србија за да се спречи ширењето на вирусот, политичко- економските членови на кризниот штаб засега одбиваат да дадат согласност за затворање бидејќи стравуваат од последици и нови удари врз српската економија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот