Лекарите на Марадона се соочуваат со затворска казна од 25 години

Според многумина најдобриот фудбалер на сите времиња, Диего Армандо Марадона/Фото: EPA-EFE/PIYAL ADHIKARY

Откако медицинскиот одбор беше назначен да ја испита смртта на Диего Марадона заклучи дека медицинскиот тим на фудбалската аргентинска ѕвезда постапил „несоодветно, дефицитарно и несовесно“.

Локалното обвинителство од Сан Исидро, град во близина на Буенос Аирес, поднесе обвинение против седум лица обвинети за убиство на легендарниот фудбалер.

Марадона (60) почина минатиот ноември од срцева слабост во близина на Буенос Аирес. Аргентинското обвинителство започна истрага непосредно по неговата смрт, вклучително и наредба за претрес на имотот на неговиот личен лекар и истрага за другите вклучени во неговата грижа.

Марадона долги години се бореше со зависност од алкохол и дрога, а во ноември имаше операција на главата. Медицинскиот одбор назначен од Министерството за правда се состана во март за да ги анализира наводите дека членовите на здравствениот тим на Марадона не се однесувале соодветно кон него.

– Акцијата на медицинскиот тим задолжен за лекување на Марадона беше „несоодветна, дефицитарна и несовесна – се вели во извештајот на медицинската комисија од 30 април, кој на „Ројтерс“ му покажува извор близок на истрагата.

Во извештајот се наведува дека Марадона сериозно се разболел околу 12.00 часот пред неговата смрт околу пладне на 25 ноември.

– Тој покажа недвосмислени знаци на подолг период на болка, па заклучуваме дека пациентот не бил соодветно следен од 00:30 часот, на 25 ноември 2020 година – се наведува во извештајот.

Врз основа на новите извештаи, обвинителството покрена обвинение против неврохирургот Леополдо Луке, кој го оперираше Марадона две недели пред неговата смрт, потоа психијатарот Агустина Косачов, психологот Карлос Анхел Дијаз, Ненси Форлини, доктор кој го координираше домашното лекување на поранешниот ас, медицинската сестра Дахиана Жизела Мадрид, која се грижеше за домот на Марадона, медицинскиот техничар Рикардо Омар Алмирон, кој исто така се грижеше за Марадона за време на домашното лекување и Маријана Перонија, координатор на двајцата споменати медицински работници.

Според „ЕСПН“, тие се соочуваат со затворски казни од осум до 25 години и се обвинети за сторено „едноставно убиство со можна предумисла“, а им е забрането да ја напуштаат Аргентина до крајот на судската постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот