Лејкерси во карантин и денеска ќе бидат тестирани на коронавирус

Откако четворица кошаркари на Бруклин нетс се позитивни на коронавирус, кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс во среда ќе одат на тестирање бидејќи последниот натпревар го одиграа токму против овој тим.

Лејкерси и Бруклин играа минатиот вторник, а бидејќи инкубацијата трае 14 дена, самите кошаркари на Лејкерс кои имаа контакти со противниците можеби се заразени, а за тоа да не знаат.

„Бидејќи нашите играчи беа изложени на ризик на натгпреварот против Бруклин, ги следиме сите чекори и процедури кои ги одредија надлежните институции, НБА и докторите од УКЛА Универзитетот. Здравјето на нашите играчи, тренери,навивачи е од најголема важност за нас“, стои во соопштението на ЛА Лејкерс.

Вчера беше објавено дека дури четврорица кошаркари на Бруклин нетс се заразени со коронавирус, а меѓу нив е и Кевин Дурант кој сезонава не игра поради повреда на ахиловата тетива. Претходно позитивни на КОВИД-19 беа и Руди Гобер и Донован Мичел од Јута џез и центарот на Детроит пистонс, Кристијан Вуд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот