Лејкерси не можеа да го запрат одличниот Вестбрук! (ВИДЕО)

фото: твитер

Вестбрук ја надмина границата од 20.000 илјади поени, играчот на Хјустон воедно е еден од тројцата кој има повеќе од 6.000 скока и 7.000 асистенции.

Расел Вестбрук имаше одлична партија од 41 поен, а новото засилување Роберт Ковингтон постигна две клучни тројки за да му помогне на Хјустон да победи со 121:111 среде Лос Анџелес Лејкерс. Џејмс Харден остана со скромни 14 поени.

Вестбрук успеа да ја надмине границата од 20.000 илјади поени во својата кариера. Играчот на Хјустон воедно е еден од тројцата кој има повеќе од 6.000 скока и 7.000 асистенции. Другите двајца се Леброн Џејмс и Оскар Робертсон.

Ентони Дејвис доминираше во рекетот со 32 поени и 13 скокови, додека Леброн Џејмс запиша 18 поени, 15 асистенции и девет скокови.

Тимот од Тексас реализираше 19 удари од 42 обиди, но и покрај победата, останува значителен сомнеж дали можат со ваков состав да стигнат далеку во плеј-офот. Тие имаат скор 33-18, се борат за подобра позиција на Западот, а „езерџиите” се со 38-12.

НБА, резултати –

Њујорк Никс – Орландо Меџик 105:103
Чикаго Булс – Њу Орлеанс Пеликанс 119:125
Милвоки Бакс – Филаделфија Сиксерс 112:101
Портланд Трејл Блејзерс – Сан Антонио Спарс 125:117
Лос Анџелес Лејкерс-Хјустон Рокетс 111:121

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот