Таткото на американската пејачка Лејди Гага (34), Џо Германота (63), сè уште ја поддржува кандидатурата на Доналд Трамп (74) на новите избори за претседател на Соединетите држави, и покрај фактот дека тој неодамна лошо зборуваше за неговата ќерка Лејди Гага, бидејќи го поддржува неговиот ривал Џо Бајден, во претседателската трка.
Имено, дури и по неуморната кампања и поддршката на кандидатот на Демократите, 34-годишната пејачка не успеа да го разубеди својот татко, кој сепак на крајот повторно гласаше за Трамп.
Џо, кој е сопственик на два ресторани во Њујорк, има различно мислење од неговата ќерка, па на Твитер напиша „Доналд Трамп 2020“, нагласувајќи дека го поддржува актуелниот претседател.
– Може да забележите дека моите политички и духовни убедувања се различни. Слободата на мислење и слободата на избор не се политичка работа, додаде тој на Твитер.

Многумина го критикуваа дека го поддржува Трамп, иако „Доналд ја навредил неговата ќерка“, додека други велат дека е „храбар“ што цврсто стои на неговиот избор.
Да потсетиме, Лејди Гага на митингот на Бајден во Питсбург рече:
– Како мене, ги искусивте последните четири години и ги имате сите докази што ви требаат за да го погледнете овој избор и да знаете во вашето срце, без никакво сомневање, дека Џо Бајден е вистинскиот избор, рече таа.
И потоа Трамп истата вечер на неговиот митинг во Пенсилванија кажа:
– Тој ја има Лејди Гага. Можам да ви кажам многу приказни за Лејди Гага. Знам многу приказни – рече Трамп и тогаш односот меѓу нив се вжешти.
Но, се разбира, додека ги чекаме резултатите од изборите, мора да запомниме дека во политичката трка, скоро сите средства се дозволени.
ВО ЖИВО: Се бројат гласовите – Трамп останува или Бајден доаѓа