Лејди Гага продолжува со уникатна промоција на нејзиниот бренд за убавина

Instagram
Instagram

Пејачката Лејди Гага (34) неодамна изјави дека отсекогаш верувала во моќта на шминката како „self-love“ двигател. Таа продолжува со промовирање на својот бренд „Haus Labs“ за кој објави низа промотивни фотографии на кои изгледа апсолутно неверојатно и речиси непрепознатливо.

Instagram

Гага работела напорно на новиот промотивен материјал, споделувајќи серија нови фотографии на кои совршено ја истакнува својата неверојатната фигура.

Суперѕвездата родена како Стефани Џоан Анџелина Германота, е позната по својот „ексцентричен“ стил кој постојано го менува. За оваа промоција се одлучила за долга и раскошна аква-сина фризура, долги нокти и минимален избор на накит.

Instagram

Овој пат покрај интересната шминка, во фокусот беше бронзениот тен на Гага, која едноставно блеска на секоја фотографија. Што, има смисла затоа што станува збор за промоција на новите „Heat Spell“ бронзери и „хајлајтери“ на „Haus Labs“.

Пејачката на новиот хит „Rain On Me“ веќе некое време се обидува да ја „приклучи“ новата серија производи „Head Spell“ на „Head Rush“.

Instagram

„Овие бронзери и руменила од „Haus Labs“ се наменети да го слават оганот на вашата страст“, изјавила Гага.

Instagram

„Ги именував „Heat Spell“ и „Head Rush“ за да укажам на екстазата на славењето на вашето јас“, додала Лејди Гага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот