„Легни и прави се мртва“ – оваа финта од цртан филм ѝ го спаси животот кога ја бркаше бизон (ВИДЕО)

Фото: Twitter video prtscr / ABC

Официјални лица од Јелоустоун нагласуваат дека луѓето би требало да се држат подалеку од сите животни во паркот најмалку 25 метри.

Застрашувачки момент кога разбеснет бизон бркал туристи во американскиот национален парк Јелоустоун е забележан со телефон, но за среќа нападната жена изиграла паметно и поминала неповредено.

Како што се гледа на снимката, двојката се шетала кога два бизона без причина почнале да ги бркаат. Бегајќи во паника се сопнала и паднала во момент кога повеќе немало шанси да му побегне на побеснетото животно.

За среќа, останатите туристи и довикнале да легне и да не се поместува и таа тоа го направила. На изненадување на присутните, бизонот пришол до жената која лежела неподвижна во тревата, ја подушкал и наеднаш загубил интерес за неа.

Тинејџерката која го снимила видеото вели дека разговарала со жената по застрашувачкиот момент.

„Беше страшно, ова е лудо. Жената е од Њујорк, но живее во Монтана така да знаеше како треба да се однесува зошто животното е премногу блиску“, рече таа.

Официјални лица од Јелоустоун нагласуваат дека луѓето би требало да се држат подалеку од сите животни во паркот најмалку 25 метри.

„Бизоните може да бидат многу непредвидливи. Тоа е многу ризично. Може да делуваат потполно смирено и незаинтересирано и само во секунда да го сменат однесувањето“, рече Рејчел Бејл од Нешнел Географик.

Бизоните повредуваат убедливо најмногу луѓе од било кои други животни во паркот, а тие средби може целосно да се спречат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот