Легендата на Челси Лебеф ја откри работата што ја сака Мурињо по отказот од Рома

фото: EPA-EFE/Clive Brunskill

Откако ја напушти Рома, сега Жозе Мурињо го поврзуваат со можна преселба во Саудиската Про Лига, но и со неговиот поранешен клуб Челси доколку лондонските „сини“ се разделат со Маурисио Покетино.

Уште една опција се шпекулира дека за португалскиот фудбалски стратег, да води национална репрезентација. Поранешниот играч на Челси, Франк Лебеф ја откри работата што ја сака Мурињо по отказот од Рома:

– Се сеќавам дека го интервјуирав Мурињо кога беше во Мадрид или во Челси кога дојде во Лос Анџелес. Тој призна дека последното нешто што би сакал да го направи во својата тренерска кариера е да добие работа во португалската репрезентација. Мислам дека тоа ќе биде неговата цел – рече Лебеф.

Лебеф воедно кажа дека Роберто Мартинез моментно е селектор на Португалија, кој потпиша договор до 2026 година по Светското првенство во 2022 година.

Но, евентуални лоши резултати на Европското првенство кое годинава ќе се одржи во Германија, може да ја отвори вратата за Мурињо и повторно соработува со Кристијано Роналдо што му успеа во Реал Мадрид.

Жозе Мурињо од откази заработил 93 милиони евра

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот