Жозе Мурињо од откази заработил 93 милиони евра

фото: EPA-EFE/ALESSIO MARINI

Жозе Мурињо (61) доживеа тежок удар во тренерската фудбалска кариера откако Рома денеска му врачи отказ. Но, затоа ќе може да се утеши кога ќе погледне дека на својата жиро-сметка поради едностраното раскинување на соработката ќе „легнат“ 3.500.000 евра.

Ова не е прв пат Португалецот да мора да се спакува пред време. Прво беше побарано да го напушти Челси во 2017 година по што заработи 20.900.000 евра. Нешто помалку дарежлив беше Реал Мадрид, кој му плати 19.700.000 кога беше отпуштен во 2013 година.

По „кралската“ авантура во Мадрид, Мурињо се врати во Челси. Но, повторно, во 2015 година, тој мораше да го напушти „Стемфорд Бриџ“ по што си замина со 9.600.000 евра.

Најголемата отштеа која ја има добиено до сега е 22.000.000 евра од Манчестер јунајтед, од кој беше „избркан“ во декември 2018 година, набргу откако го продолжи договорот до 2020 година.

Португалецот по краток одмор го презеде Тотенхем на чија клупа седеше „само“ 17 месеци, а клубот му плати 17.400.000 евра.

Кога сè ќе се собере, Мурињо од шест откази за нешто повеќе од 10 години заработи 93.100.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот