Официјално: Жозе Мурињо повеќе не е тренер на Рома

фото: EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Рома објави дека Жозе Мурињо и неговиот стручен штаб ќе го напуштат италијанскиот фудбалски клуб.

Португалецот беше претставен како 60 тренер на римската „волчица“ во мај 2021 година.

Рома имаше само една победа во последните пет натпревари во Серија А, пред два дена на „Сан Сиро“ загуби со 3:1 од Милан.

Мурињо го предводеше тимот до титулата во Конференциската лига, а стигна и до финалето во Лигата на Европа минатата сезона.

– Би сакале да му се заблагодариме на Жозе во името на сите нас во Рома за неговата страст и напори од неговото доаѓање во клубот. Секогаш ќе имаме одлични спомени од неговиот мандат во Рома, но веруваме дека итна промена е во најдобар интерес на клубот – информираа сопствениците на клубот, Ден и Рајан Фридкин.

Наскоро се очекува Рома да сподели информации околу тоа кој ќе биде новиот тренер на екипата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот