Легендарните „Парни ваљак“ на 18 мај во Скопје: Голема одговорност е да отсвириме концерт во градот на Аки

Фото: Промо

Легендарната група „Парни ваљак“ на 18 мај доаѓа во Скопје, првпат по смртта на Аки Рахимовски кој беше фронтмен на хрватската рок-група. Концертот ќе се одржи во спортски центар „Јане Сандански“.

Фреди Меркјури и нашиот Аки Рахимовски имаат многу заеднички особини, но една е посебно изразена. А, тоа е, дека и двајцата беа суверени владатели како на сцената, така и со публиката. Фреди Меркјури ја отпеа „The Show Must go On“, а сите ние знаеме дека секогаш истото го мислеше и до последен здив така и живееше и нашиот Аки. ‘Парни Ваљак’ продолжи понатаму со нов пејач, гордо и квалитетно онака како што изгледа од своите први денови на почетокот на кариерата… и Авалон одлучи дека едноставно дојде време Парни Ваљак повторно да свири во Скопје. Големиот настан ќе се случи на 18ти мај во салата Јане Сандански, каде што во изминативе неколку месеци имавме навистина незаборавни концерти на Џибони и Бајага и Инструктори.

Водачот на групата, Хус, кој заедно со „Парни ваљак“ оваа година ќе ја добие најпрестижната награда за музика во Хрватска – ПОРИН за животно дело, вели дека има големи очекувања.

„Наша голема желба, а уште поголема одговорност е во Скопје, во градот на Аки, да отсвириме концерт, кој нашата одлука да продолжиме понатаму ќе направи да биде оправдана.
Се разбира дека, во приказната за ‘Парни Ваљак’, Аки е неизоставен дел и тој секогаш ќе биде во нашите срца”, вели Хус.

Откако постои музичката индустрија на овие простори, „Парни Ваљак“ е можеби единствениот музички бренд кој во сите сегменти работи на начин и на ниво на кој било врвен светски бенд, и големо задоволство ни е да му овозможиме на Скопје и Македонија повторно да бидат сведоци на тоа.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда (6 март) во 09 часот наутро онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија.

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот