Легендарна изјава на Киану Ривс: Кога го прашале која е суштината на животот, вака одговорил

Instagram

Иако заработи милиони благодарение на успешните филмови во кои глумеше, Киану Ривс го снајде тешка судбина и тој е пример дека парите не значат среќа.

Во едно интервју Киану рече:

„Рамнодушен сум кон парите. Направив огромно богатство, ама сакам да уживам во животот, а не да го потрошим грижејќи се за тоа што ќе купам. Сакам едноставен живот, ми треба само еден куфер со работи и хотелска соба. На крајот на краиштата сите знаеме дека е поважно да бидеш здрав, отколку богат.

Парите се извор на стрес, константното размислување за полнење на сметките создава непријатност. Постојано се обидувате да заработите повеќе, мозокот автоматски почнува и во секојдневните работи да бара можност за заработка, а така станувате алчни и размислувате само за една работа, за пари. Сите вредни и убави работи ги занемарувате и така животот само поминува покрај вас.

„Ако мислите дека парите се среќа, сте ја промашиле суштината на животот. Имам милиони, а би можел без нив, не се лажете дека парите се најважни“.

Ако ја погледнеме денешнава ситуација, во предност не е оној кој е богат, туку оној кој е здрав. За зборовите на Киану Ривс треба добро да се размисли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот