Лазаров: НИКОБ е бренд во кој луѓето веруваат, внесовме квалитет, инвестиции и иновативност

Кирил Лазаров, сопственик на групацијата НИКОБ/Фото: Слободен печат

Фирмата НИКОБ обезбедување оваа година одбележува 25 години од своето основање и со поклопи со низа позначајни инвестиции коишто ги направивме во последните неколку години, изјави во Утрински брифинг Кирил Лазаров, сопственик на групацијата НИКОБ.

Лазаров потенцира дека брендот НИКОБ е многу добро прифатен од страна на граѓаните.

– Во нас луѓето имаат препознаено квалитет, постојани инвестиции, сериозност во пристапот, иновации, секојдневни контакти. Едноставно го нудиме тоа што на клиентите и на нашите граѓани им е најпотребно. Овие 22.000 клиенти не се случајни, ови клиенти се направени врз основа на истенчениот инстинкт кој што го имаат потрошувачите и не случајно инстинкот кој што го поседуваат им сугерира дека ние сме вистинската компанија со која што треба да соработуваат, додава Лазаров.

– НИКОБ Медикал и НИКОБ Лаб се сосема нови компании коишто оваа година одбележуваат една година од своето постоење и се компании поврзани со НИКОБ Обезбедување и затоа на толку полесен начин успеавме да се наметнеме кај потрошувачите, вели Лазаров.

НИКОБ почна да ја развива медицинската дејност среде пандемијата и на пазарот каде доминираат приватни лаборатории кои нудеа многу високи цени за ПЦР тестовите, оваа компанија стартуваше со пониски цени, достапни за граѓаните кои имаа потреба за ковид тестирање.

-Цените кои им ги понудивме на граѓаните согласно буџетите кои може да си ги издвои едно просечно македонско семејство согласно стандардот и на тој начин од 150.000 тестови по средна цена под 1.000 денари – некаде 910 денари ни е средната цена на едно тестирање, успеавме да се наметнеме како лидери во ковид тестирањата и да придонесеме граѓаните да се чувствуваат порелаксирано кога ќе одат на тестирање и цените да им одговараат на семејниот буџет, додека кај конкуренцијата средната цена на тестирањето на помал број на тестови изнесуваше некаде помеѓу 3.000 и 4.000 денари, рече Лазаров.

НИКОБ Лаб цените на ковид тестирањата ги намали четирикратно со самото појавување на пазарот и тоа им пречело на многу луѓе кои планирале да профитираат од пандемијата.

-Сме нарушиле веројатно многу математики и веројатно заради тоа и се појави таканаречена опозиција во однос на нашата компанија којашто не се темели врз основа на брз профит и искористување на ситуацијата туку се темели на долгорочна стратегија којашто е врзана со долгорочни инвестиции и со инвестиции во кадар, во опрема, во инфраструктура која може сите да ја видат на терен во целата држава, рече Лазаров во гостувањето во Утрински брифинг.

Денеска премиерот Димитар Ковачевски ќе ја посети ПЗУ НИКОБ Медикал и НИКОБ Лаб во рамките на Групацијата НИКОБ.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот