Лазаров најзаслужен за пласманот на Нант во четвртфиналето на Купот

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, е најзаслужен за пласманот на неговиот Нант во четвртфиналето на Купот на Франција. Нант триумфира со 27:24 над Шамбери, а Лазаров постигна седум голови за својот тим.

Во првиот дел подобар беше тимот на Шамбери кој имаше водство од 13:15, за во вторите 30. минути Нант благодарение на Лазаров да дојде до пресврт и пласман меѓу осумте најдобри во Купот на Франција.

Покрај Нант, пласман во четвртфиналето на Купот обезбедија уште и ПСЖ, Монпелје, Кретеј, Аикс, Данкерк, Шартр и Иври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот