Лазаров најави пензија: Оваа сезона ми е последна во кариерата

фото: men2020.ehf-euro.com/Uros Hocevar

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров ја игра последната сезона во својата кариера, по што ќе заплови во тренерските води. Лазаров кој последната сезона во кариерата ја игра за францускиот Нант, своите планови ги открива во интервју за „Вечерњи лист“.

– Имам договор на уште една година и мислам дека тоа ќе биде крај, повеќе нема повеќе смисла. Ќе останам во спортот како тренер. Којзнае можеби за десетина години ќе дојдам да седнам на клупата на Загреб, клубот кој ми даде толку многу во кариерата – вели Лазаров за „Вечерњи Лист“.

Лазаров потврди дека се додека е активен ракометар, ќе биде на располагање за нашата репрезентација.

– Кога веќе играм за Нант ќе играм и за македонската репрезентација – вели Лазаров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот