Лазар Ристовски за борбата со коронавирусот: „После 7 дена се опоравив, благодарение на вакцината“

лазар ристовски
ФОТО: Facebook

Лазар Ристовски неодамна откри дека бил заразен со корона вирусот. Познатиот актер сè уште се опоравувал од ковид, но, како што вели, веќе немал температура и е негативен на тестот.

„Бев вакциниран двапати и повторно закачив корона. Пред една недела добив треска и без никакви обврски и врски отидов во клиниката за Ковид во Здравствениот дом во Нов Белград, ја ставив книшката на купот и чекав на ред. Ми дијагностицираа корона. Го следев протоколотот, но не сакав да пијам антибиотици. По една недела, бев на контрола на истото место, без температура и со добра здравствена состојба Мислам дека тоа е благодарение на вакцинацијата, но и на мојот личен силен имунитет. Не ми е желбата да влијаам на било кого да направи нешто. Ова е само моето искуство”, рекол Ристовски за „Курир“.

Пред осум месеци слично искуство имала и неговата сопруга Даница Ристовски

„Ја издржав короната дисциплинирано, но многу тешко. Ова е сложена болест. Најважно е што се опоравив. Мора да се следат упатствата на докторот, мора да се издржи, да се извлече последниот атом на сила и да се чека моментот на подобрување. Се контролирав. Короната ме научи да се ценам себеси повеќе и да се грижам повеќе за себе и да барам начини како да се заштитам за да бидам добра пред се за себе, а потоа и за другите“, рекла тогаш Даница Ристовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот